


Нови можности за обука за наставниците по германски јазик
Искористете ја оваа уникатна можност за да ги унапредите своите компетенции во наставата по германски јазик и да се чувствувате уште посигурни во својата пракса.
Благодарение на флексибилниот онлајн-пристап, можете да учите од каде сакате, но и да уживате во разновидната понуда на наставни материјали – од практични примери до инспиративни идеи за вашите часови.
Искусни тутори ќе ви понудат беспрекорна поддршка, додека го рефлектирате и подобрувате сопственото предавање преку PEP-проектот. Дополнително, ќе имате можност да се вмрежите и разменувате искуства со колеги од целиот свет.
Станете и вие дел од инспиративната DLL-заедницата и направете ја вашата настава покреативна и поефективна!
Гете-институт Скопје повторно нуди две возбудливи онлајн обуки за наставниците по германски јазик.
DLL 10: Германски јазик за млади – Бесплатна онлајн обука наменета исклучиво за наставници по германски јазик од Северна Македонија, организирана во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.
Почеток:10.01.2025 | Рок за пријавување: до 15.12.2024 на следниот линк:
ANMELDUNG zu einem DLL-KURS Start am 20.01.2025Регионални DLL-обуки, кои отвараат можност за вмрежување со наставници по германски јазик од Југоисточна Европ и долгорочно унапредување на професионалните компетенции.
Достапни модули:
DLL 2: Како се учи странскиот јазик германски?
DLL 4: Задачи, вежби, интеракција
DLL 6: Наставна програма, критериуми и планирање на наставата
DLL 6: DLL 10: Германски јазик за млади
Почеток: 20.01.2025 | Рок за пријавување: до 15.12.2024 на следниот линк:
ANMELDUNG zu einem DLL-KURS Start am 20.01.2025